Blog

  • Home
  • Izbor „Štefica Cvek“
  • ,
  • Vesti
kvadratni-cirilica-half

Регионалната книжевна заедница номинираше дури 153 наслови за овогодинешната, трета по ред, „Штефица Цвек“. Жирито за првиот круг ги разгледа предложените книги од страна на регионалната книжевна заедница и во периодот од февруари до јуни 2024 година го направи својот избор. 

Станува збор за жанровски различни дела (проза, поезија, хибридни ракописи, стрипови и книги за деца), објавени во текот на 2023 година, на споделениот јазичен простор на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, С. Македонија и Србија.

Целта на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ е афирмација на бунтовните писателски и читателски практики, односно на феминистичките, квир, деколонијални, марксистички и еколошки, ангажирани перспективи. 

„Следствено, јасна е тематската и идејна перспектива, односно општествено-политичкиот ангажман како еден од критериумите при разгледувањето на номинираните дела. Подеднакво вреден критериум е и вештината и иновативноста на книжевните постапки, односно специфичниот авторски одговор на нашата заедничка, општествено-политичка стварност и самата книжевна (и општо земено, уметничка) продукција. Накратко, сето она што романот Штефица Цвек во челустите на животот го претставува во историјата на (пост)југословенската книжевност, како и опусот на Дубравка Угрешиќ во целина. Оттаму, во контекст на овој избор,  признанието ‘Штефица Цвек’ е во потрага по книги кои обединуваат општествено-политичка ангажираност и книжевно-естетски квалитет“, изјавуваат членовите на жири-комисијата.

Во потесниот, прв, круг на изборот „Штефица Цвек“ влегуваат следните 27 книги, наведени по следниот азбучен ред:

  • Андријана Кос Лајтман, Дани коситра и јеке (Хрватско друштво на писатели, збирка поезија);
  • Амила Кахровиќ Посављак, Шкриптаји коже (Buybook, роман);
  • Бојан Кривокапиќ, Вила Фазанка, (Арете, роман);
  • Гаја Смилевска, Скрши што судбината гради (Флип Бук Букс, стрип);
  • Ева Симичиќ, Четири лакта унутра (В.Б.З., роман);
  • Ивана Максиќ, Вејавица (Футура публикације Нови Сад / Нојзац, збирка поезија);
  • Игор Ивко, Почетници (Disput, роман);
  • Игор Раиден, Издигнување (Темплум, роман);
  • Јана Адамовиќ Јана, Ива Атоски, Селена Даниловиќ, Јелена Ѓорѓевиќ, Леа Ембели, Ивана Филиповиќ, Даница Јевѓовиќ, Миљана Михајловиќ, Ана Милојковиќ Оми, Ана Петровиќ, Драгана Радановиќ, Код куќе (Бесна кобила, стрип);
  • Јелена Анѓеловска, Куќа се није мрднула (Партизанска книга, збирка поезија);
  • Јелена Михољевиќ, Тај глас (Петрине књиге, збирка поезија);
  • Калиа Димитрова, Во хаосот радост (самоиздата, збирка поезија);
  • Лејла Каламујиќ, Адиса Башиќ, Тамара Заблоцки, Николина Тодоровиќ, Селма Асотиќ, Сабина Фидахиќ, Ламија Милишиќ, Бјанка Алајбеговиќ, Енер Куртовиќ, Ламија Бегагиќ, Ламија Гребо, Зоран Ќатиќ, Емир Заметица, Борис Мраовиќ, Ферида Дураковиќ, Жене БиХ за дјецу – Илустровано путовање с изузетним женама из прошлости (Сарајевски отворени центар, книга за деца);
  • Лидија Дедуш, ја се зовем лидија дедуш (Фрактура, збирка поезија);
  • Лидија Димковска, Единствен матичен број (Издавачки центар ТРИ, роман);
  • Марија Андријашевиќ, Темељење куќе (Фрактура, збирка поезија);
  • Марија Марковиќ, Habia Rubica (Раштан издаваштво, збирка раскази)
  • Мартина Видаиќ, Град: конструкција (В.Б.З., збирка поезија);
  • Михаела Гашпар, Премештање снова (Фрактура, роман);
  • Наташа Нелевиќ, Мали роман о блату (Нова книга / Космос, роман);
  • Петар Андоновски, Не кажувам (Полица, роман);
  • Сибила Петлевски, Точка пораза (Сандорф, роман);
  • Сузана Кос, Данте (Меандар Медиа, збирка поезија);
  • Теа Тулиќ, Стрвинари старог свијета (Oceanmore, роман);
  • Тамара Биланков, Из куќе по којој пада киша (Јесенски и Турк, збирка поезија);
  • Тијана Ракочевиќ, Интимус (Фокализатор, збирка раскази); и
  • Хана Корнети, Илина и шумските тролови (ИЛИ-ИЛИ, роман за деца).

 

Првиот жири-состав го сочинуваа: Ања Томљеновиќ, Грација Атанасовска, Иван Шуњиќ, Марија Божиќ, Марија Бошковска, Милица Улемек и Филип Кучековиќ. Авторка на овогодинешниот визуелен идентитет на изборот е Лејла Ахмедспахиќ, графичка дизајнерка и илустраторка од Сараево. 

Второто жири го презема овој избор за натамошно читање и ќе донесе конечна одлука за наградените книги. Добитничките и добитниците на третата „Штефица Цвек“ ќе бидат јавно објавени на свеченото прогласување во септември 2024 година.

Книжевниот избор „Штефица Цвек“ #3 го организираат Pobunjene čitateljke (Србија), Kulturtreger/Booksa (Хрватска), Naratorium (Босна и Херцеговина) и Коалиција МАРГИНИ (С. Македонија). Овогодинешниот избор го поддржаа Western Balkans Fund и Rekonstrukcija Ženski Fond.